Велигденски хуманитарен концерт ќе се одржи во среда

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на 24-ти, среда, ќе се одржи Велигденски хуманитарен концерт, за собирање средства за помош на социјално загрозеното семејство Велковски од Куманово. Концертот го организира Асоцијацијата за култура и уметност Мулти арт, со поддршка на Општина Куманово и Центарот за култура.

Предвиден е настап на Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски, Марио Арангеловски, Ивона Јовановиќ,  Оливер Алексовски, Сандра Милковска, Магдалена Божиновска, Тања Јовановска, Драгана Јовановска, Душица Јакимовска и Никола Павловски, Игор Младеновски, Атанас Петров и други.

На сцената во Центарот за култура ќе настапат и балетските студија Мак, Ултра, Динамик, како и Културно уметничкото друштво Срма. За насмевките на лицата ќе се погрижи екипата на Нема љутиш.

-Како здружение работиме моментално на еден голем проект по повод 500 години Куманово. Проектот е наречен Кумановци за Куманово, е поддржан од градоначалникот и Општина Куманово и како благодарност го правиме и овој хуманитарен концерт. Идеата за проектот кој се работи 500 години Куманово е на Слаѓан Станишковски, и во овој проект се вклучени дел од професори по музичко образование од Куманово. Проектот всушност содржи само уметници, музичари до Куманово. Истиот ќе обработи 10 песни кои се од подрачјето на нашиот град, кои ќе бидат ставени на носач на звук и самото ЦД ќе има своја промоција во одреден период, од септември натаму-истакна Ирена Трајковска, претседател на Мулти арт Куманово.

Влезот ќе биде слободен, но ќе има поставено кутија за донации, кои ќе завршат кај семејството Велковски. Концертот започнува во 18 часот и 30 минути.

Коментари

коментар(и)