Велигденско бдение во „Света Тројца“

11090714_345598322316215_1252873936_o

Во црквата „Света Тројца“ или попозната помеѓу народот како „Нова црква“ утревечер во 22 часот ќе се одржи бдение.

Од кумановско-осоговската епархија инфомираа дека целодневната богослужба е замислено да заврши со литургија, на која што ќе служи владика на Кумановско-осоговската епархија, митрополит Јосиф.

Отецот Игор Здравковски ги повика верниците кои што ги одбележуваат велигденските пости, но и оние кои што не постат да се приклучат на свечената литургија.

Инаку ова бдение се одржува секоја година, пред претстојниот христијански празник, Велигден.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)