Величковска поднесе предлог за измени на статутот за формирање ЛМС

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невена Величковска информира дека поднела предлог за пристапување кон измени и дополнување на статутот на општината за формирање Локален младински совет.

Во однос на Иницијативната која ја поднесов за формирање на Локален младински совет, сакам да ве известам дека денес во Општина Куманово поднесов Предлог за пристапување кон измени и дополнувања на Статут на Општина Куманово за формирање на Локален младински совет согласно член 135 од Статут на Општина Куманово. БЛАГОДАРАМ на сите колеги советници од Совет на Општина Куманово кои се потпишаа на овој предлог-напиша таа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)