Велосипедистот Ристовски нов балкански шампион

Кумановецот Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб „Вело-М“ Куманово е нов балкански шампион, откако го освои првото место на Балканското првенство во друмски велосипедизам кое се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина. На трката која била во должина од 100 километри, Ристовски настапи како дел од националната репрезентација.  

-Трката беше од типот на кружни трки кои се возеа низ градот Требиње и беше технички напорна. Имаше мали нагорнини, спустови, концентрацијата мораше да биде на високо ниво за да не дојде до несакани повреди, падови, сето тоа успеав да го исконтролирам, да ги следам моите конкуренти, да не доволам некој да замине па потоа да бракам, добро се заврши. Ова е резултат во годината кога сум многу задоволен од она што го постигнав-истакна тој.

Ристовски освен на оваа трка на меѓународно ниво забележал победи и во Романија и Бугарија. Покрај него, боите на Македонија од Куманово ги бранеа уште четири велосипедисти. Тренерот, Марјан Петковски истакна дека е задоволен од постигнатиот резултат, посочувајќи дека како клуб настапиле во повеќе категории кадети, јуниори, елит и мастерс

-За наша среќа ние успеавме да направиме многу добар резултат освојуваќи прво место и балкански шамион за 2019-година. Ова не е ништо случајно Зоран Ристовски на овогодишното европско првенство во планински велосипедизам во маратонско возење има освоено девето место, нова титула, меѓународна класа која се доделува од Владата на Македонија поточно од Агенцијата на млади и спорт на Северна Македонија-истакна Марјан Петковски, тренер Вело-М.

Велосипедскиот клуб Вело М Термалифт редовно ги посетува големите меѓународни натпреварувања. Оваа година Андреј Петковски оствари и победа на трката во Црна Гора. Велосипедистите остварија одлични резултати и на европските првенства, но и на олимписките европски игри што се одржаа во Белорусија.

Коментари

коментар(и)