Верниците го празнуваат Богојавление

Празникот Водици народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден според верувањето Исус Христос е крс­тен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со празникот  се поврзуваат многу обичаи кои ги практикуваат кумановци. На Богојавление главниот настан е фрлање на крстот во водата. Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе биде среќен цела година. Тука е и традиционалното јадење пивтии со пресна погача, а се верува дека ноќта спрема Богојавление самиот  Бог се јавува во вид на бел голуб и оној кој што ќе го види ќе му биде исполнета желбата .

Според етнолозите, поинакви обреди  се поврзуваат за руралните средини. Во козјачкиот регион Богојавление порано  се празнувал  два дена. Првиот ден се слават  Машки Водици кога се капат и крштеваат само машките деца –првенци. Исто така на извор одат само момчињата , ја осветуваат водата со босилек, а потоа ја прскаат куќата и живината.

– Наредниот ден пак девојчињата исто така оделе на извор, биле облечени во народна носија, носеле венчиња на главата, оделе на извор земале вода и истиот процес го применувале како и машките деца за Водици со некое верување дека тоа го прават за среќа и благосостојба на семејството,  изјави Анита Ѓорѓиовска,  етнолог во Н.У. Музеј –Куманово

Етнолозите посочуваат дека на богојавленската вода и се припишуваат натприродни својства и лековита моќ.

-Откако ќе се земе од самата осветена вода утрото се носи дома се прска куќата, се пие водата на прагот од куќата со некое верување за здравје и среќа , свекрвата ја прска новата снаа во домот, се прска живината, стоката, болните деца, едноставно со верување да се заштити куќата од лошото, а воедно да се обезбеди среќа и напредок на семејствотом изјави Ѓорѓиовска.

Со Водици завршуваат некрстените денови и започнува циклус на пролетно-летните  празници кога се изведуваат аграрско -магиски обреди со цел да се обезбеди плодност на нивите и посевите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)