Вечер на руска поезија во Центарот за култура

Во Центарот за култура Трајко Прокопиев синоќа се одржа вечер на руска поезија и музика, насловена Шепотот на руските поети. Манифестацијата е посветена на руската поезија, пред се на творештвото на Сергеј Есенин и Александар Сергеевиќ Пушкин. Средношколците но и останатите љубители на поезијата, имаа можност да слушнат стихови испишани во името на татковината и љубовта.

-Сега децата се одалечуваат од поензијата, поинтересно е да се седи во кафулињата и да се слуша оној тип на музика кој сега е актуелен, за разлика од класичната музика која некако стана демоде, за сметка на она што е ин-изјави Оливера Трајковска културен соработник.

Стиховите од двајцата руски поети ги интерпретираа Тина Трајковска, Благој Мишев и Оливера Трајковска.

За музичкото интермецо со познати руски композитори се погрижи Марко Митковски.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)