(ВИДЕО)Во Куманово живеат 98.104 граѓани

Куманово е најголема општина во Македонија покажуваат податоците на Државниот завод за статистика по спроведениот попис на населението, домаќинствата и становите.

Пописот покажа дека Куманово има 98.104 жители, што е за околу седум илјади помалку споредбено со пописот од 2002 година кога бројката изнесувала 105.484 жители.

На подрачјето на Куманово има 30.450 домаќинства и 38.147 станови.

Според етничката структура, во проценти, во Куманово има 55,8 отсто Македонци, 25,99 отсто Албанци, 0,15 отсто Турци, 2,85 отсто Срби, 0,12 отсто Власи, 6,52 отсто Срби, 0,04 отсто Бошњаци и 0,71 отсто припадници на други етнички заедници.

Во Северна Македонија живеат 1 836 713 лица, според резултатите од пописот 2021, кој беше спроведен од 5 до 30 септември минатата година.

Бројот на вкупното попишано население е 2 097 319 лица, а вкупното нерезидентно население изнесува 260 606 лица.

За 132 260 лица податоците се преземени од административни извори.

Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.

Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто кажале дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.

Директорот Симовски рече дека се попишани над 598 илјади домачинства, а просечното домаќинство брои 3,06 членови. Најмала општина е Зрновци, а најголема Куманово. Густината на населеност на 1 км2 во Македонија изнесува 72,2 луѓе.

На 1.000 жени има 984,3 мажи, што значи дека жените се побројни.

 

Коментари

коментар(и)