(ВИДЕО)Левица поднесе предлог-закон за материјално обезбедување на стечајците

-Поднесовме барање до сите политички партии за предлог- измени на законот за стечај, меѓутоа во тоа време само Левица го прифати предлог- законот и го предложи до Собранието. Ние 40 години сме во транзиција во Македонија каде што останавме 5 години без платен стаж, 5 години без исплатени плати и придонеси, ништо не земавме, некои луѓе сега се и починати од стечајните работници. Ние работниците на ЧИК Куманово ги повикуваме сите политички партии особено партиите што се власт да го поддржат законот, да ги изгласаат за наше добро зашто ние останавме на улица со речиси ништо. Првиот закон што беше за стечајни работници со 15 години стаж не не опфаќаше бидејќи ние немавме работено 15 години во државна сопственост, потоа вториот закон исто така не не опфати бидејќи требаше стаж од 14 години во државна сопственост, а ние пак немавме 14 години во државна сопственост. Сега ги молиме сите политички партии особено партиите што се власт да не поддржат, да го поддржат законот и да дојдеме до едно заедничко решение и ние веќе да се ослобидиме од тагите, од голготите што три генерации останавме како никој и нигде, рече Сузана Маринковска, стечаен работник од ЧИК Куманово

 

Коментари

коментар(и)