(ВИДЕО) Павловски: Кој е кандидат за градоначалник од СДСМ, Илиевски или Спасовски?

-Наместо министерот Спасовски да се занимава со својата работа тој заедно со началникот на МВР Куманово оди на партиски средби. Сведоци сме на секојдневен притисок врз граѓаните во Куманово. Овие фотографии јасно покажуваат за вклученоста на Спасовски и Стојанче Величковиќ како работат на терен во интерес на Оливер Илиевски. Ова се случуваше кога зборуваме дека МВР станало МВРО. Ова се случуваше во времето против кое сите се боревме? За ова ли се боревме, да ни се случува уште пострашно сценарио од минатото. Во изминатиот период истите овие лица вршат притисоци врз вработени во СВР при Министерството за внатрешни работи, во здравствени установи, во градинки и на вработени во образовните институции. Овие лица вработени во државните институции се приморани да доставуваат списоци со 10 до 15
гласачи. Видовме смс пораки како докази за овој притисок.

Оливер Спасовски од една страна бара партизација на МВР, од друга страна вработени во СВР Куманово ги користи за партиски средби. Каква е ова департизација на МВР? За што зборуваме ние? Какво е ова лицемерие. Оттука би сакал да го поставам прашањето. Кој е кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во општина Куманово? Дали тоа е кандидатот Оливер Илиевски или пак е кандидатот Оливер Спасовски?“, праша на денешната прес-конференција Николај Павловски од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и побара од ОБСЕ и странските амбасади да реагираат на ангажманот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на локалните избори во Куманово, каде вработените на МВР се ставени во функција на извршување на партиски задачи.

 

 

Коментари

коментар(и)