Протекува кровната конструкција на спортската сала на една точка и проблемот ќе биде отстранет во следниот период, рече на денешната седница градоначалникот Максим Димитриевски одговарајќи на советничко прашање.
-Имаме информација дека кровната конструкција на спортската сала иако е нова веќе е подложна на санација бидјеќи поројните дождови минатата недела довеле до протекување во внатрешноста на спортска сала. Ако е точно дали се работи за лош квалитет или грешка при монтажа и дали истиот е саниран?, праша Мартин Захариев, советник СДСМ
-Оваа информација поврзана со спортската сала е точна. Кога се работи на стари објекти согласно образложението од изведувачот и лицето кое го врши надзорот на овој објект е дека кога се работи на покривање големи стари кровни површини се случуваат вакви појави, не се работи за санација, туку доработка и корекција во изведбата, но, само на едно место. Кровната конструкција беше подложена и општината не потпиша документ за исплата додека не се направи реален технички прием не само од платен надзор од општината, туку чекавме во неколку фази да дојдат и поројни дождови за да видиме дали се случува протекување. На првото тестирање имаше протекување на шест точки па беше изведена корекција, на вторите поројни дождови на три места, на третиот последен пороен дожд имаше протекување на една точка која ја имаат лоцирано и ветија дека во следниот период ќе ја неутрализираат, додека не се надмине овој проблем не може да преминеме на следните фази за изведба на подови, монтирање на столчиња и изведба на главниот под или спортскиот терен. Како и да е, кога работите на стар објект секогаш се случуваат вакви објекти, генерално кровот е покриен со многу квалитетни материјали, изведбата ја имаат заверено професионални фирми, надзорот е по јавна постапка кој е надзор на сите јавни објекти во делот на градот и верувам дека во следниот период ќе биде отклонет овој проблем, рече Димитриевски.