(ВИДЕО)СДСМ ќе ја модернизира урбаната заедница „Панче Пешев“

– „Панче Пешев“ претставува една од најурбаните заедници во Општина Куманово. Во нашата програма „Најдоброто за Куманово“ во мандатниот период од 2021 до 2025 година планираме бројни проекти за целосно решавање на комуналните проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа урбана заедница. Од нив ги издвојуваме следните:

– продолжување на улицата „Октомвриска револуција“ до автопатот Е – 75, со што ќе го растеретиме сообраќајот и ќе го подобриме сообраќајниот крвоток на градот;

– реконструкција на споредните улици и уредување на околниот простор со дрвореди;

– реконструкцијата на водоводната и атмосферската канализација на „Октомвриска револуција“ со што ќе го решиме проблемот со честите поплави на оваа улица;

– уредување на речното корито на река Кумановка;

– хортикултурно уредување на просторот околу колективните станбени згради и зад градинката „Ангел Шајче“;

– изградба на парк зад локалитетот „Жмара“ и доуредување на паркот К4, како и нивно редовно одржување со „Мој еколог“;

– изградба на две нови детски катчиња, рече денеска на прес-конференција Александра Лазаревски, кандидат за член на Совет на Општина Куманово

Коментари

коментар(и)