(ВИДЕО)„Се одбирам себе“ – нова балада на Александра Јанева

По подолго време поп-пејачката Александра Јанева се врати на баладите. Новиот сингл со наслов „Се одбирам себе“ е емотивна љубовна приказна и второ по ред авторско дело на тандемот Јанева-Стојановски. Аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев.

Дел од екипата која работеше на проектот е и Јана Бурче, во улога на текстописец на баладата.

„Не верував дека „Се одбирам себе“ ќе стане втората кантавторска песна која ќе се најде на мојот деби албум, сè додека не го добив одличниот текст од Јана. На крај, целосната приказна позади песната одлично ја екранизираа моите соработници од Pinestel продукција со кои одлично се познаваме“, раскажува пејачката.

Видеото за песната е снимено на повеќе локации во Отешево и Преспа. Иако реткост, на овој видео-запис Александра се појавува во друштво на Андреј Пајмакоски од студиото „Models In“.

Уживајте!

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)