(ВИДЕО) Стошевски: Ќе изградиме три градинки и детски катчиња

Изградба на градинки во населбите Перо Чичо, Карпош и Зелен рид и повеќе детски катчиња се дел од проектите со кои што ВМРО -ДПМНЕ со коалицијата „За обнова на Македонија“ ветува дека ќе се грижи за најмладата генерација доколку победат на претстојните локални избори. Кандидатот за советник во Советот на општината, Сашо Стошевски на денешната прес-конференција потсети дека актуелниот градоначалник на претходните избори ветил изградба на две градинки, но, проектите не се реализирани.

-Како што можеме да видиме градинки во најголемите населби воопшто не се изградени. Сите знаеме со какви проблеми се соочуваат родителите кои не можат да ги запишат своите деца во градинка, а поради работните обврски изложени се на непријатна ситуација околу згрижување на нивните деца за време на работната недела. Откако почна кампањата го слушаме актуелниот градоначалник како во главните приоритети ги става најмладите, но знаеме дека досега на дело не е направено речиси ништо. Заедно со неговиот противкандидат од СДСМ, зборуваат дека имале визија, некаков план за развој, но, Куманово без грижа за новите генерации не може да има никаква иднина. Општина Куманово има потреба од градинки и детски катчиња каде најмладите ќе можат да го поминуваат своето слободно време.

Нашата програма за наредните четири години нуди решенија за децата од предучилишна возраст со изградба на три градинки, во населбите Перо Чичо, Карпош и Зелен рид. Исто така, за најмладите ќе изградиме детски катчиња во сите делови на општината Куманово, што ќе создаде дополнителни услови за рекреирање и социјализација, рече Сашо Стошевски, кандидат за советник во Советот на општината

Стошевски смета дека е време да започнат , според него, долгоочекуваните промени во Куманово и ги повика граѓаните на 17-ти октомври да дадат поддршка на кандидатот за градоначалник Тони Михајловски и советничката листа на коалицијата „За обнова на Македонија“ , предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментар(и)