(ВИДЕО)Тече реконструкцијата на кумановскиот театар

Во мај годинава се очекува да заврши првата фаза од реконструкцијата на Театар Куманово. Градежните активности се извршуваат согласно предвидената динамика, информира директорот Сашо Тодоровски. Со реконструкцијата ќе се добие мултифункционален театар, но ќе биде намален бројот на местата за публиката.

-Направени се нови работи кои досега ги немаше и се надеваме дека од јуни, бидејќи треба да изготвиме дополна на проектот за една меѓукатна просторија тука во театар Куманово, се надеваме дека во јуни-јули ќе почне реконструкција тендер за тендерирање на втората фаза од реконструкција на кумановскиот театар. Во моментов целиот театар е околу 1.200 метри квадратни, се работи секаде во целиот објект. Очекуваме дека до крајот на мај ќе биде завршена првата фаза. Првата фаза досега исплатени се осум милиони денари, според договорот 10 милиони денари е првата фаза. Втората фаза одобрени се 15 милини денари кои очекуваме со распишување на ова тендерска постапка во јуни-јули да започне реконструкцијата. Како новина ќе имаме повеќе простор и за техниката, и за актерите, единствено што ќе се намали е бројот на местата за публиката досега имаше 270, сега ќе има 200 места. Но, сите простории, секое катче од овој театар е предвиден да биде модерен и функционален за изведба на театарски претстави, изјави Сашо Тодоровски, директор на Театар Куманово

Надлежните најавуваат и гасификација на кумановскиот театар. Додека трае реконструкцијата вработените во театарот се во просториите на Центарот за култура, а и претставите се изведуваат на сцената на центарот.

 

Коментари

коментар(и)