(ВИДЕО)Учениците поставија постери за безбедно детство на училиштата

Безбедноста на учениците околу училиштата, на тротоарите, на пешачките премини се само дел од ризик факторите кои што ги посочиле училишните тимови за безбедност пред надлежните од Отсекот за превенција, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Општинскиот  совет за превенција на детско престапништво на работилниците што биле организирани во изминатиот период. Повеќето активности на работните тимови за безбедност заедно со институциите во рамките на проектот „Безбедни училишта“ резултираа со изработка на постери за основни и средни училишта  кои што денеска беа поставени на влезовите на образовните установи.

– Од самиот почеток на проектот „Безбедни училишта“ идејата ни беше самите учници да ги препознаат ризик факторите за безбедноста на младите и да дадат свои идеи, како да се работи, што да се направи, како да се подобри безбедносната состојба. Токму и ова беше идејата заедно со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво каде што се членови родителите и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата заедно со нас, каде што се членови стручни лица од областа на сообраќајот да направиме еден заеднички постер кој што е дизајниран од страна на учениците со соодветна порака – Заедно за безбедно детство што всушност симболизира неколку работи, здруженост и поврзаност на институциите, организации на локално ниво за подобрување на безбедноста на децата и секако и тие да дадат свој придонес за да се подобри таа нивна безбедност, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција  СВР Куманово

-Постерот ќе биде дистрибуиран до секое од основните училишта и до секое средно училиште, на македонски и албански јазик соодветно на паралелките. Средношколците покажаа солиден интерес и креација, со што докажаа дека сакаат заедно со сите институции кои што се занимаваат со заштита и безбедност на децата да работиме заеднички за да постигнеме што е можно поголема безбедност за самите деца во училиштата и надвор од нив, изјави Бојан Петковски, Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата

Постерот за основните училишта го нацрта гимназијалката Анастастасија Спасевска.

Освен во централните училишта, постерите зависно од тоа на кој јазик учениците ја следат наставата, ќе бидат поставени и на влезовите на сите подрачни училишта.

 

Коментари

коментар(и)