(ВИДЕО) ААВМУ со поддршка на здружението „Медиум објектив“

Доколку Владата е во можност да обезбеди дополнителна финансиска помош на локалните и регионалните медиуми за покривање на трошоците за надоместок на дозволата за емитување во 2022 година во висина од 50 проценти, Агенцијата да даде поддршка да се започне јавна дебата во врска со барањето за формирање фонд за медиуми се дел од заклучоците од седницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) донесени едногласно од членовите на Советот.

Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ја посочи тешката финансиска состојба на локалните и регионалните електронски медиуми настаната како резултат на ковид пандемијата и енергетската криза. Тој потенцираше дека со самиот почеток на ковид кризата, Агенцијата за двете претходни години, 2019 и 2020 им ги вратила во целост средствата што ги уплатиле на сметката на Агенцијата за дозволите за телевизиските и радио емитувања, не само на локалните и регионалните, туку и на националните медиуми.

Повеќе информации во видеото.

Коментари

коментар(и)