Добропознатиот актер, Илија Струмениковски иако е во пензија, продолжува да се занимава со уметноста. Тој е активен во сликарството. Неодамна ја оствари својата 20-та самостојна изложба насловена „Стеги“ во Центарот за култура во Куманово. Со ликовната уметност се занимава над 50 години. Вели тоа е составен дел од мојот живот и ќе творам се додека ме служи здравјето.
Со својата актерска и филмска кариера Струмениковски остави значаен белег во македонската уметност. Настапуваше во врвни актерски имиња. Се надева дека наскоро повторно ќе се најде на штиците во кумановскиот театар.