ВИДЕО: Активни два огласи за побарувани занимања

Невработените и лицата кои користат гарантирана минимална помош имаат можност да се пријават на двата тековни огласи за побарувани занимања во Центарот за вработување. Огласите наменети за активни баратели на работа и корисници на гарантирана минимална помош траат до 18-ти август. Најпобарувани занимања на подрачје на Куманово се негувател на лица со попреченост, личен асистент на лица со попреченост, дигитален маркетер, монтер и инсталатер на сончеви панели, бравар и заварувач.

Од кумановскиот центар за вработување информираат дека невработени за време на обуката ќе добијат месечен надоместок од 9000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување и данок на личен доход за времетраење на обуката.

Од Центарот за вработување ги повикаат работодавачите кои имаат недостиг на стручен кадар, преку Министерството за образование и Центар за обрзование на возрасни да верификуваат програми за да можат да креираат кадар за свои потреби.

ВИДЕО НАСКОРО!

Коментари

коментар(и)