ВИДЕО: Болницата доби возило за брза интервенција

Општата болница во Куманово денеска доби донација-возило, од хуманитарното здружение „Јас сум Матејче“. Станува збор за возило кое е во сопственост на болницата Базел, Швајцарија.  Инаку од оваа здравствена установа информираат дека се стабилизира епидемиолошката состојба. Размислуваат и за намалување на ковид одделите.

-Вчера имаше 94 прегледи во амбуланта што воопшто не е мала бројка, но минатата и претходната недела имавме околу 150 до 200 прегледи, што сепак е намалување. Како што подоцна почна третиот бран кај нас во Куманово, за разлика од останатите општини, така и побавно оди опаѓањето на бројката-вели Снежана Захариева, директорка во Општа болница Куманово.

Во болницата во моментов се хоспитализирани 63 пациенти, а дневната амбуланта ја посетуваат 70 лица. Од здружението „И јас сум Матејче“ кое денеска го донираше возилото укажаа дека им е драго што установата ќе добие на располагање ново комби за брзи интервенции.

-Комбето е донација до болницата Базел во Швајцарија. Цената на комбето е 40.000 швајцарски франци- истакна Елвис Муслии, претставник од хуманитарното здружение „И јас сум Матејче“.

Болницата возилото ќе го доопреми со опрема за реанимација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)