По повод 79 години од загинувањето на командантот на Кумановскиот партизански одред Христијан Тодоровски Карпош пред бистата кај Куќата- музеј беше положено цвеќе од повеќе делегации.
Одбележувањето на овој значаен датум традиционално е во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Куманово.
Карпош е еден од осумте народни херои од кумановско кои што ги дале своите животи за слобода во различни периоди од македонската историја, Киро Фетак, Боро Менков, Перо Чичо, Бајрам Шабани, Мара Нацева, Боро Петрушевски и Трајко Стојковски-Бузо.