Браните Липково и Глажња со кои Куманово и Липково се снабдуваат со вода се полни само 50 проценти. Но од претпријатието Водовостопанство „Кумановско липковско поле“ информираат дека простор за паника нема, ќе има вода за двете општини и ќе се испорачаат сите побарани количини. Можни се рестрикции за земјоделците за наводувања.
-И оваа година покрај овој сушен период успеавме да акумулираме вода околу 14 милиони метри кубни. Оваа вода ќе биде доволна за снабдување на Куманово со вода за пиење, додека за земојоделците ќе имаме одредени рестрикции оваа сезона доколку не дојде до обилни врнежи од дожд. Ние и оваа година ќе доставиме доволни количини на вода до Филтер станица на ЈП Водовод односно целокупната побарана количина ќе им биде доставена. Тоа се мали количини на снег кои се уште стојат на планината околу Глажња и Липково и овие се мали врнежи од дожд. Очекуваме дека во текот на април или мај да има поголеми врнежи и да се наполни капацитетот на браните. Простор за паника нема, ние ќе успееме да ги опслужиме и Куманово со вода за пиење и земјоделците со одредени рестрикции како и минатите години-нагласи Оливер Илиевски, директор ЈП „Водостопанство“ Кумановско-липковско поле.