(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Михајловски за подобра иднина на Куманово

Активирање на технолошко индустриската развојна зона и привлекување домашни и странски инвеститори, бесплатен приклучок на гас за домаќинства и бизнисите, чист град, 60 километри патна инфраструктура, алтернативни извори на вода, изградба на мостови, катни гаражи, кружни текови, пристапни рамки и патеки, модерно управување со отпад, детски градинки, велосипедски и пешачки зони, и реконструкција на спортската сала, Соколана и градскиот стадион, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во Куманово, Тони Михајловски. Тој истакна дека Куманово 30 години ги чека промените и мора наново да се гради. Посочи дека имаат визија и проекти за поубаво, почисто и помодерно Куманово.

-Модерно управување со отпад. На само 5 километри воздушна линија од Куманово во село Пчиња се наоѓа депонијата Краста која е депонија од минатиот век со несогледиви последици за здравјето на луѓето и почвата. Отпадот ќе биде вредна суровина преку селектирање, рециклажа и компресирање. Кумановка да биде чиста река. Изградба на кеј од двете страни на реката и трајно решение со,кое нема да се фрла отпад во неа. Реконструирање на постоечките запуштени мостови и изградба на два нови моста. Изградба на нов училишен објект за потребите на гимназијата Сами Фрашери, децата заслужуваат и мора да добијат модерни услови за следење на наставата-истакна Михајловски.

За петте години власт, потрошија 16 милијарди евра, ништо не направија а секое семејство го задолжија за 4.500 евра, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски потсети дека ги нема ветените 500 километри нови регионални патишта, инвестиции од големите компании, а ниту растот од 5 до 7 проценти на економијата. Нагласи дека овие избори се шанса за промени, шанса за подобро утре. Посочи дека на овие избори народот треба да одлучи дали ќе продолжи по патот на криминалот, корупацијата, срамот, понижувањето или ќе избере патека на реформи, визија и план. Дополни дека граѓаните укажуваат на лошата состојба во економијата, образованието, здравството, земјоделството.

-Ништо не направија за народот, а направија многу за себе. Испокрадоа тоа што можеше да се испокраде, засрамија тоа што можеше да се засрами, распродадоа тоа што остана за распродавање.  Владата на СДСМ, од 1 јуни 2017 година заклучно со 30 септември 2021 година, точно 52 месеци потроши народни пари 16 милијарди евра, тоа се пари на народот, тоа се пари на граѓаните тешко спечалени пари.  Но што направија со тие 16 милијарди рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата истакна е убеден дека на 17-ти октомври кумановци ќе го изберат Михајловски, затоа што е време да се создаде нова подобра иднина за Куманово. Нагласи победа е кога се имаат исти цели, а тоа е Македонија да влезе во Европската унија, децата да го живеат европскиот сон, да имаат квалитетно образование и да не си заминуваат од земјава. Победа е и кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе згрешиме и ќе се извиниме, корегираме и ќе продолжиме понатаму. Победа е да се почитуваме и тогаш кога сме различни, да создадеме вредности, принципи, и да има одговорност.

Коментари

коментар(и)