ВИДЕО: Вода за граѓаните има, рестрикции за земјоделците

Браните Глажња и Липково имаат доволно количини вода за редовно водоснабдување на општините Куманово и Липково, информираше денеска директорот на АД Водостопанство „Кумановско- липковско поле“, Оливер Илиевски.

„Во моментов во браните има околу 17 милиони метри кубни вода со што ќе бидат задоволени целокупните потреби до крајот на годината и за Куманово и за Липково, како и за земјоделците“, посочува Илиевски, потенцирајќи дека  рестрикции за вода има само за земјоделците.

-Во моментов има рестрикции за вода за земјоделците, со тоа што имаат два дена вода за наводнување, додека три дена се исклучени. Целта на оваа наша регулатива е да ја зачуваме водата за Куманово и Липково да има во текот на целата година. ЈП„Водовод“ Куманово троши годишно некаде околу 7 ипол милиони метри кубни вода, зависно од потрошувачката на граѓаните и ние сме подготвени целокупната количини да им ја испорачаме. Имаше реакции од граѓаните за квалитетот на водата како што потенциравме минатиот пат го испитавме квалитетот на водата во акредитирана лабораторија и се потврди дека црвената боја над водата која во моментов е повлечена е од цветови на алги, имаме микробиолошки анализи кадешто се потврдува дека водата во браната Липково и Глажња е од прва категорија за пиење, нормално по прочистување во Филтер станица, изјави Оливер Илиевски, директор на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“

„Кумановско -липковско поле“ е профитабилна подружница. Должници во моментов нема, освен стариот долг којшто го има ЈП „Водовод“ , вели Илиевски.

-Ние разговаравме во Влада за тој долг да биде решен, со тоа што ќе ни пуштат средства како помош за енергетската криза, зголемување на минималната плата, а врз основа на тоа да го отпишеме долгот на ЈП Водовод. Оваа постапка ја водиме веќе три години и се надевам дека ќе успееме сега со ребалансот на буџетот. 145 милиони денари е долгот на „Водовод“ кон „Водостопанство“. Тука морам да потенцирам дека тој долг не е реален, затоа што во изминатиот период до 2019 година имаше премногу висока цена и од тоа е направен тој долг. Ние се трудиме веќе три години да го решиме тој проблем, изјави Илиевски.

Цената на водата е непроменета од први јануари 2019 година и изнесува 3,2 денари, односно во моментов е 3,3 денари затоа што има распон за секоја година, посочуваат надлежните.

 

Коментари

коментар(и)