ВИДЕО: Во вторник ќе се одржи фестивалот „Тумба фест 2021“

При крај се подготовките за 9-тото издание на фестивалот на новосоздадена шегобијна народна песна, Тумба фест 2021, кој треба да се одржи во вторник, на градскиот плоштад со почеток во 20 часот, а традиционално веќе трета година го организира Здружението Етно ризница.

Организаторите на фестивалот најавуваат богата манифестација со бројни музички имиња. Љубителите на фестивалот ќе можат да слушнат 22 нови композиции.

Освен кумановскиот дијалек, македонскот јазик годинава ќе биде присутен и прилепскиот дијалек, валандовскиот, битолскиот, впрочем нашето мото е да ги сочуваме вредностите, традицијата и сето она што постарите ни го оставиле во завет. И оваа година и покрај сите тешкотии, и покрај сите предизвици нормално со почитување на сите мерки одлучивме да го одржиме фестивалот и на народот да му подариме смеа, нови ноти, песни, кои ќе бидат секако добредојдени во ова време во кое тешко се живее. Оваа година навистина имаме квалитетни пејачи, Лидија Спасовска, Мирче Крстевски, Нино Величковски, Челик бенд, Зуица Лазова, Благица Павловска, Анета Мицевска со група Молика, Катерина Брезева со група Соната од Велес. Имаме прекрасни песни, имиња, Ристо Краповски, Ванчо Трабунов, Методија Столески-истакна Драган Митевски, претседател на Здружение Етно Ризница Куманово.

Уметничкиот директор Игор Трајковски посочи дека фестивалот ќе го задржи реномето.

-И оваа година успеавме да одбереме квалитетни 22 композии, кај што провеју македонскиот фолклор кој не смееме да го изоставиме. Тој е неизоставен дел од нашето музичко творештво, поткрепено со модерна продукција, и аранжмани, со цел да го зачуваме нашето исконско македонско по кое сме препознатливи во целиот свет. Тенденција ни е секоја година да оставаме над 20 песни со што ќе ја продолжиме низата на ризницата која ја оставаме зад нас, оставаме трајно творештво за идните генерации-истакна тој.

Фестивалот Тумба фест ќе го пренесува и ТВ Плус, а настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од ковид 19.

Коментари

коментар(и)