(ВИДЕО) Во сабота ќе се одржи првиот меѓународен меморијален боксерски турнир

Меѓународен меморијален боксерски турнир „Mирослав Петровиќ“ ќе се одржи во Куманово на 17-ти јули на терените на Спортскиот комплекс „Соколана“. Настанот е во организација на Боксерски клуб Куманово 84, Општинскиот сојуз на спортови Куманово и Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово. Доколку се влошат временските услови, турнирот ќе се одржи во новата спортска сала на техничкото училиште.

-Се знае дека Мирослав Петровиќ е човек кој создал плеада боксери во таа чест се организира и овој прв меморијален боксерски турнир. Куманово знаеме дека е боксерски град, тука се олимписките, светските, европските, балканските медали, по тој повод е и овој турнир, се надевам дека нема да е последен, туку ќе биде традиционален. Дека ќе има одѕив, публика ги покануваме сите да дојдат да го проследат турнирот. Најавувам добри боксери од државата, но и од Србија, Косово и се надевам дека целата манифестација ќе биде квалитетна и успешна. Пред турнирот ќе имаме  организирано 3-4 борби, од државното превенство кое неодамна се одржа во Скопје, ќе бидат финалните борби во Куманово пред официјалното отворање. Организатори на турнирот е боксерски клуб Куманово 84, а настанот е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка на боксерската федерација на Македонија и помошник  на организацијата е општинскиот сојуз на спортови од Куманово. Тука се вклучени и сите поранешни учесници кои дале свој придонес да се развие боксот во Куманово, ќе бидат исто така на турнирот, имаме еден иницијативен одбор од 20-ина луѓе кои дадоа свој придонес. Ги поканувам сите да дојдат да го проследат турнирот. Од Куманово ќе учествуваат шест боксери, очекувам дека ќе покажат добар бокс. Ние како нов боксерски клуб, од пред две години, стартуваме со нови генерации, боксери, допрва ќе дојде нивното време и очекувам за две години да добиеме некоја меѓународен медал-посочи Самет Салиевски, од Боксерски клуб Куманово 84.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)