ВИДЕО: Годишнина од излегувањето на јадрото на Кумановскиот партизански одред

Во некогашната Цекова бавча, кај спортската сала денеска со полагање цвеќе и пригоден говор пред спомен-обележјето беа одбележани осум децении од излегувањето на јадрото на Кумановскиот партизански одред.

Цвеќе положија претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав, Сојузот на борци од Куманово, делегации на општина Куманово и Советот на општината, АРМ, граѓани, деца од градинката „Ангел Шајче“.

Коментари

коментар(и)