(ВИДЕО) Гори депонијата Краста во Пчиња

Од ноќеска гори депонијата Краста, во близина на село Пчиња, кумановско. Сиот потенцијал на механизација и цистерни на претпријатието Чистота и зеленило, го гаснат пожарот,  но топлото време и ветерот не одат во прилог. Изминативе неколку години немаше пожари на локацијата, бидејќи вработените нанесуваа земја на платформата.

-Сета механизација со која располагаме е тука на терен, и човечките ресурси што ги имаме. Пожарот е под контрола нема да излезе надвор од градската депонија. Во континуитет последните години нанесуваме на самата платформа земја и странично и не дозволувавме да дојде до пожари, но како резултат на високите темепратури, со неделе нема дожд многу е суво и дојде до избувнување на овој пожаристакна Цветанка Ивановска, в.д директор ЈП „Чистота и зеленило“.

На депонијата Краста, каде што се складира отпадот од Куманово, веќе три години немаше пожари. Депонијата Краста се наоѓа на 12 километри од Куманово, а на 5 од село Пчиња. Жителите на ова село изминативе години организираа и протести револтирани од непријатниот чад и мирис кој се шири во нивната околина.

Надлежните изминативе години најавуваа дека ќе се реши долгогодишниот проблем со депонијата Краста во Пчиња, бидејќи таа ќе се дислоцира, односно ќе се изгради меѓурегионална депонија за североисточниот и источниот регион, а Краста ќе биде современа претоварна станица, во која ќе може и да се рециклира.

 

Коментари

коментар(и)