(ВИДЕО) Граѓаните задоволни од вакцинацијата

Граѓаните коишто денеска се вакцинираа на пунктот во Куманово, којшто се наоѓа во спортската сала на средното училиште Перо Наков, во населбата Бедиње, истакнаа дека се задоволни од процесот. Тие се надеваат дека наскоро ќе се стави крај на пандемијата.

Многу е добро фала за вакцините, засега се чувствувам одлично-вели еден кумановец.

-Добро е не чувствувам ништо, засега е добро, па ќе видиме-укажа друг.

-Примив сега сум добро, за подоцна не знам, ќе видиме засега нема ништо-нагласи една кумановка.

-Вакцините се единственото нешто со што ќе го победиме ова зло -посочи повозрасен граѓанин.

Коментари

коментар(и)