(ВИДЕО) Да се повлечат точките за вработување, предложи опозицијата

Да се повлечат од дневниот ред точките за давање согласност на Предлог – Годишниот  план за вработување во 2022 година во јавните претпријатија, основните и средните училишта, домот за стари лица, предложи советничката од ВМРО -ДПМНЕ , Невена Величковска на денешната седница на Советот. Според Величковска, плановите за вработување за наредната година до сега требало да бидат донесени, а не в пресрет на локалните избори, особено кога станува збор за образованието, бидејќи како што рече, од јуни се знае кој од наставниот кадар ќе се пензионира.

„Имаме законски рок кој мора да се почитува“, рече претседателката на советот Атина Мургашанска, потенцирајќи дека најдоцна до 30 септември во тековната година за наредната година треба да се донесат плановите за вработување.

Предлогот на Величковска не беше усвоен од мнозинството советници.

Од дневен ред беа повлечени само точките што се однесуваа на тримесечниот извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ од април до 30 јуни годинава и предлог – одлуката за давање согласност на предлог – годишниот план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“.

Коментари

коментар(и)