(ВИДЕО) Ден на женско претприемништво во општина Куманово

Претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска денеска на Денот на женското претпримништво беше домаќинка на претседателките на Советите од општините од републикава, градоначалничките на неколку општини, претставничките на заедницата на единиците на локалната самоуправа и на дел од кумановските најуспешни претприемачки. Во текот на денот беа посетени неколку успешни фирми во Куманово, фабриката за чевли „Глечер“, Градска пекара и млекарата „Бучен Козјак “ со цел да се поразговара со сопственичите со какви проблеми и предизвици се соочуваат во својата работа и на кој начин општините, преку советите можат да им помогнат во развојот на приватниот бизнис.

-Со сопственичките поразговаравме што ние како претставнички од локалните самоуправи пред се, како претседателки на советите, како градоначалнички можеме да им помогнеме, што е она што можеме да им го овозможиме како услови во развојот на услови за развиток на приватен бизнис односно создавање на предизвици и предуслови во рамките на локалниот економски развој и што е она што треба да им го упатиме на нашите соработници во рамките на надлежните министерства, институции исто така како поддршка на малите, на средните и на големите претпријатија, изјави Атина Мургашанска, претседател на Советот на општина Куманово

Најпозитивен пример во Куманово дека развиеното женско претприемништо е доказ за успешноста на една општина е млекарата „Бучен Козјак“.

-Со брат ми сме сопственици на компанијата „Бучен Козјак“ по наследен ред. Компанијата ја имаат формирано моите родители,далечната 1983-та година, тогаш уште и немаше приватни компании, па бевме занаетчиски дуќан и слично се до ден ден кога работиме и опстојуваме како индустриски капацитет, но сепак ќе кажам на традиционален производ. Предизвикот е тоа што млекото е суровина која не може да чека, мораш да донесуваш брзи одлуки и решенија веднаш, капацитетите во Македоинја, за жал се намалуваат и има недостаток на млеко, има недостаток за вработени. Се трудиме да работиме по стапките на мајка ми и татко ми,  да произведуваме чисто, природно млеко без никакви додатоци и да не манипулираме со потрошувачите, тоа ни е како еден аманет од нашите родители, имаме околу 100 вработени, работиме од 30 до 50 тони млеко дневно зависно од лактацијата. Предизвикот е голем и ќе се трудиме да продолжиме да работиме со сите правила и прописи кои ги има наметнато нашата политика во фирмата.

Од поновите производи е нашиот пробиотски јогурт, која за разлика од сите други има три пробиотски бактерии, порано бев скептик кога се работеше за пробиотски јогурт и не верував дека помага во проблемите со стомачни тегови, меѓутоа се уверив самата себе дека тоа навистина е така. И најнов производ имаме тетрапак млеко, кои за кратко време ќе ги видите на полиците во Куманово и низ Македонија, изјави Снежана Станојковиќ , сопственичка на компанијата  „Бучен Козјак“.

 

 

 

Коментари

коментар(и)