Зградата на поранешен комитет е на државата, а во моментот е ничија земја, тврди градоначалникот Максим Димитриевски. Повеќе од 20 години објектот е узурпиран од политички партии и правни субјекти, а општината не може да наплати кирија бидејќи формално -правно зградата не е во владение на локалната самоуправа, рече Димитриевски, одговарајќи на советничко прашање.