(ВИДЕО) Димитриевски: Превозниците треба да излезат во пресрет на учениците

Се уште неизвесно е кога ќе профункционира училишниот превоз. Додека дел од учениците се возат до училиштата со веќе избраните линии, учениците од населените места каде што има жалбена постапка се снаоѓаат за превоз. Градоначалникот Максим Димитриевски смета дека и покрај жалбената постапка, превозниците требале да излезат во пресрет на барањата на учениците и општината, по примерот на одредени компании.

„Oна што е најбитно во овој момент, немаме на територијата на општина Куманово голем број отсутни ученици од физичко присуство на наставата поради проблемот со градскиот превоз којшто го имаме и за кој веќе говорев дека можеби поради економски или други лични причини од страна на одредени превозници во овој изминат период можеби се блокираа свесно со цел да се покаже не соработка од страна на општината#,  рече Димитриевски денеска во врска со училишниот превоз.

-Ние првенствено се грижиме за здравјето на граѓaните, исполнување на сите еколошки услови и првенствено добивање поквалитетна услуга, бидејќи нашите граѓани плаќаат за јавниот превоз, а дополнително и општината то ест државата плаќа за користење на училишниот превоз. Ако вие сте компанија која веќе 15 години и повеќе работи и функционира секоја година континуирано и влечете финансиски бенефит од овој начин на функционирање и работење тогаш треба да имате и максимална флексибилност во вакви случаи кога разговараме за три, пет или седум дена додека трае жалбената постапка да имате сенс и слух да излезетe во пресрет на барањата на учениците и општината. Имаше компании кои од своја страна излегоа конкретно и рекоа дека нема да сопрат со превоз на ученици, додека имате и субјективни компании кои лично го гледаа својот личен и економски интерес и рекоа дека нема да ги превезуваат учениците, рече Димитриевски.

„Општина Куманово ќе направи се да го реши трајно овој проблем и еднаш засекогаш да се добие и квалитетен превоз и превенствено учениците да добиваат организиран превоз онака како што е предвидено по законот “, потенцира Димитриевски.

-Сите ученици кои ги посетуваат средните училишта го кроистата јавниот превоз паралелено, додека основците мора да им биде обезбеден специјален училишен превоз во посебни возила од страна на операторите и ние тоа во иднина планираме строго да го контролираме и доколку има прекршуавња на такви постапки да го санкционираме како општина, рече Димитриевски.

-Немаме надлежност како сектор да го регулираме превозот . Ние ги повикавме директорите, тоа го работат други сектори, има поделена документација, се работи на тоа да се заврши, повеќето линии се во функција, а директорите присуствуваа на состанокот кои им дадоа напатствија како да го решат проблемот со ангажирање посебен линиски превоз на ученици, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование

Вчера, општината преку соопштение извести дека за линиите кои се во постапка ќе се регулира посебен линиски превоз со што ќе се обезбеди бесплатен превоз за сите ученици.  Кога ќе започне посебниот линиски превоз за учениците кои што заради жалбената постапка за одредени линии останаа без превоз на почетокот на второто полугодие, зависи од тоа кога училиштата ќе склучат договор со превозниците.

Коментари

коментар(и)