(ВИДЕО) Димитриевски: Развојната програма успешно ќе биде реализирана

„Општина Куманово не инвестира само во централното градско подрачје туку и во руралните средини, а проектите не ги дели ниту по етничка ниту по било каква друга основа,  се гради таму каде што има изработени проекти , рече градоначалникот Максим Димитриевски на вчерашната седница во однос на развојната програма на локалната самоуправа за годинава и обвинувањата од советниците дека се инвестира само во одделни делови од градот. Димитриевски потенцираше дека советниците првпат разгледуваат реална, квалитетна развојна програма која што до крајот на годинава ќе биде успешно реализирана, според него, најмалку 90 проценти.

-Зарем граѓаните во руралните средини Лопате, Режановце, Умин дол, Ново село, Черкезе, Железничка очекуваа дека ќе имаат таков градежен бум на почетокот на оваа година, но успеавме во целост да го реализираме досегашниот буџет и едноставно размуслувавме и на руралната и на урбаната средина средина. Ова е еден реален документ кој што јас гарантирам  дека во 95 проценти ќе биде реализиран. Успеавме за помалку од една година да изградиме комплетна училишна инфраструктура што не беше изградена со децении, реконструкција на спортски игралишта,за да ги изнесеме младите кои што цел ден се на телефоните во оваа корона криза, дополнително игралиштето кај Кошеви, во Долно Којнаре, дел со заштеди, но добар дел и со сопствени средства на општината и не застануваме тука, продолжуваме пред Вас и бараме поддршка, а претходно добивме поддршка од Владата за доградба на спортските капацитети во основните училишта и повторно има паритет и притоа се дава поголем акцент на руралните средини.  Ако помине оваа програма ќе се гради спортско игралиште во Агино село, во Пчиња, ОУ „Браќа Миладиновци“  Романовце. Дел од овие средства кои што се заштеди во образованието ќе се реинвестираат во училиштата како што беа наместени смарт табли, дополнителна опрема во средните училишта, рече Димитриевски.

Со дополнителни 11 милиони денари, кои Општина Куманово ги доби преку Програмата за рамномерен регионален развој ќе се реконструира и уредува внатрешноста на спортската сала, а веројатно ќе биде реновирана и малата сала која се користи за тренинзи на боречките спортови. Димитриевски зборуваше и за обновата на железничката станица, но и за реконструкција на Домот на АРМ.

-Во рамките на тие средства ние ќе се обидеме да ја реконструираме и салата на боксерите и верувам дека ќе добиеме сала со сите услови за тренирање на нашите боксери и сите боречки вештини, кои биле интересни за нашите сограѓани“, рече Димитриевски.

-Во однос на Железничка станица работиме заеднички проект со Македонски железници, општината треба да изготви градежен проект, вели Димитриевски.

Кружниот тек на влезот на градот, уредување на речното корито од Градскиот парк кон Средорек, целосна реконструкција на главната улица во населбата „Тоде Мендол“, околу девет километри инфраструктура во руралните средини во текот на оваа година, инвестиции во основните и средните училишта, спортски терени и објекти, се само дел од реализираните проекти на општината во претходниот период.

Коментари

коментар(и)