(ВИДЕО) Димитровска: Намалување на паушал на советниците за 6.000 денари

Поставување на електрични табли за возен ред на јавниот превоз, намалување на паушал на советниците за 6.000 денари, средства кои може да се искористат за друга намена, free wife зони и дигитализација и отвореност на општината, најави кандидатката за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска.

-Се наоѓаме пред автобуската постојка како што можеме да видиме сега се асфалтира и поправа пешачката зона во Куманово. Неколку дена пред избори, наместо да се работи во континуитет 4 години.

Овде не се знае кога поминуваат автобуси за градските и приградските населби, така што ние во нашата програма предвидуваме поставување на електрични табли со возни редови со што ќе знае точно, каде и кој автобус оди. Исто така предвидуваме и електрични табли за такси места.

Во нашата програма предвидуваме намалување на паушал на советниците во Советот за 6.000 денари. Ова е исклучително значајна мерка која што ја предвидуваме со цел парите поефикасно да се трошат и да се искористат за порационални цели наместо да одат во џебовите на советниците. На месечно ниво ќе добиеме заштеда од 3.300 евра, пари кои може да се користат за различни цели.

Во нашата програма е предвидено и воведување на free wife зони, со што во автобусите и јавниот превоз ќе имаме бесплатен интернет.

Општината ја носиме на отворено ја дигитализираме, ја правиме отчетна и транспарентна за граѓаните. Во нашата програма се предвидува еднаш месечно раководителите на секторите да се спуштат близу до граѓаните и своите канцеларии да ги отворат, за да ги слушнат граѓаните кои се нивните предлози што може да се поправи.

Нашата програма е со реално остварливи мерки и затоа ние ќе се залагаме и нашите советници и носителот на листата,  за целосна дигитализација на општината со еден клик да може да се смени осветлување, да се знае каде која сијалица е изгорена, преку една апликација-истакна Димитровска и ги повика кумановци на 17-ти октомври да гласаат за бројот 2.

Коментари

коментар(и)