Низ централното подрачје веќе може да се забележи поголем метеж. Голем дел од иселениците кои работат во странство се вратија дома за да ги поминат празниците со најблиските. На граничниот премин Табановце веќе изминативе две седмици регистрираат поголем метеж. Но, сепак застој нема. Од кумановската полиција апелираат периодов да се вози одговорно и празниците да поминат во најдобар ред.
ВИДЕО: Забележителен метежот низ градот, се враќаат иселениците за празниците
