(ВИДЕО) Заврши ликовниот камп „АСНОМ 2021“

Дваесет и седум ученици од речиси сите основни училишта од градот, но и од средното уметничко училиште од Скопје, четири дена твореа во комплексот Грација, во рамките на единаесетиот Детски ликовен камп „АСНОМ 2021“. Настанот како и претходните години го организира Фондацијата за култура и спорт, при Општина Куманово.

-Навистина има вистински уметнички дела со кои може да се пофалат првично авторите, потоа родителите, наставниците, и секако ние кои живееме во овој град, бидејќи Куманово изобилува со потенцијални уметници, кадар и веројатно тоа е нешто исконски дадено на ова поднебје да се создаваат и творат вакви дела. Јас сум горд што успеавме да одржиме по 11-ти пак една ваква ликовна колонија и тука ги гледа идните уметници на градот. И тоа се генерациите кои што допрва ќе дојдат-посочи градоначалникот Максим Димитриевски.

Учесниците на ликовниот камп имаа можност да творат на слободна тема. Менторите посочуваат дека се задоволни од она што е реализирано.

-Веќе имаме ученички што се запишаа во средното уметничко училиште, голем удел има и оваа колонија, нивните ментори, сакаат уште доаѓаат иако веќе се во средно, мислам дека има влијание и дружбата и учењето на нови работи и се тоа придонесува да продолжат да работат и понатаму-посочи Симона Јакимовска, еден од менторите на детски ликовен камп.

Учениците посочија дека секогаш со задоволство учествуваат на оваа ликовна колонија.

-На мојата слика е користена акрилна техника, тука има исто и маркер оцртување со линии, има повеќе лица, едноставно во какво општество сме ние, нашите инстаграм профили Фејсбук, селфињата и сликите што ги претставуваме таму, едноставно не се претставуваме во вистинско светло, какво што сме, на оваа слика има измешани очи, усни, различни тонови-нагласи Мила Николиќ, од средното училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје, која и претходно учествувала на колонијата.

-Да се учествува на оваа колонија беше многу убаво, запознав многу другари-посочи Ѓорѓе Анѓеловиќ, од основното училиште „Карпош“ од село Умин дол.

-Јас сум задоволен од себе како се реализираше колонијата и јас како ја претставив сликата. Може да кажам дека создадов пејсаж, на кој е претставено течението на една река-дополни Јован Денковски, од училиштето „11-ти октомври“.

Ликовните творби традиционално ќе завршат во е Дневениот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)