Видео запис од првиот меѓународен фолклорен фестивал

Видео запис  од првиот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“ ќе биде промовиран во петок напладне во салата на МКЦ „Козјак“, информира претседателот на КУД „Панче Пешев“ и на Одборот за организација на фестивалот, Мирослав Крстевски. Според Крстевски, станува збор за ДВД издание во траење од 45 минути  каде што во скратена верзија се опфатени настапите и дефилето на учесниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Колумбија и шесте ансамбли од нашата држава  на трите фестивалски вечери. Во последниот дел од видео записот ќе можат да се видат над 300 фотографии од меѓународниот фестивал кој што се одржа во јули годинава.

-Направивме многу добри проспекти со учесниците и сите ансамбли од странство и од државата, а решивме и да издадеме  двд со четири цедеа,  првите три цедеа ќе бидат со материјал од трите вечери, а четвртото це-де е со околу 330 фотографии, приемот кај градоначалникот и засадување дрво во чест на Првиот меѓународен фолклорен фестивал, кој нормално ќе заживее на овие 500 години, а ќе продолжи и натаму. Се надевам дека ќе остане и ќе го организираме можеби и многу поквалитетно , подобро и со поголем број на држави од светот каде ќе имаат прилика нашите граѓани да видат во живо култура, традиција, се она што го краси идентитетот на државите да го видат во живо. Да видат и други култури, како настапуваат, со што се презентираат , а и тие што учествуваат од надвор да се запознаат дека Македонија изобилува со култура, традиција, со носија, со песна, пред се, со традиција и култура на еден народ како што е македонскиот заедно, заедно со народностите кои што живеат во државата.

Првиот меѓународен фолклорен фестивал е од големо значење за негувањето и заштитата на фолклорното богатство од кумановскиот крај, но и пошироко, вели претседателот Крстевски. Овој фестивал слободно може да се вброи во фестивалите од европски ранг, посочува претседателот на КУД „Панче Пешев“.

-Целиот свој живот сум го посветил на фолклорот. Моето искуство кое што го стекнав за овие 50 години колку што работам и живеам за фолколорот, вели дека организиравме фестивал од европски калибар. Досега балканскиот дел немал таков фестивал, освен фестивалот „Илинденски денови“ во Битола, изјави Крстевски.

Промоцијата која што е во органзиација на КУД „Панче Пешев е под покровителство на Советот на Општина Куманово и министерството  за култура, подржана  од Фондацијата за култура и спорт. Инаку, КУД „Панче Пешев” е едно од најстарите фолклорни друштва на Балканот кое што постои 93 години. Членовите на ова друштво имаат освоено многубројни признанија, меѓу кои и наградата Гран-при за најдобри изведувачи на 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)