ВИДЕО: Затворен пунктот во Бедиње, вакцинација во Уред

Затворен е пунктот за масовна имунизација во Бедиње. Вакцинацијата продолжува во Здравствениот дом, познат како Уред. Граѓаните без термин можат да ја посетат установата и да се имунизираат. Во моментов располагаат со вакцините Фајзер и Астра Зенека.

-Процесот на имунизација во Здравствен дом Куманово се одвива непречено. Ги известуваме сите граѓани дека ја сменивме локацијата, па вакцинацијата ќе се одвива во просториите на Здравствениот дом, познат како Уред. Ќе работиме во две смени од 08 до 20 часот. Моментално се аплицира вакцината Фајзер и Астра Зенека за лицата над 60 години, но исто така се врши ревакцинација со вакцините Синовак, Астра Зенека и Фајзер. Досега во нашиот пункт се аплицирани над 80.000 вакцини. Започнавме со апликација на третата доза кај здравствени работници и лица над 60 години-изјави Монализа Мемети, лекарка Здравствен дом Куманово.

Коментари

коментар(и)