(ВИДЕО) „Зафир Сајто“ и „Порака“ наша со заеднички проект

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и здружението „Порака наша“ започнуваат со заеднички проект за развивање на сервис за домашна нега на стари лица и лица со попреченост во рамките на проектот „ Ублажување на ефектите и последиците од Ковид-19 на најранливите групи во општеството со посебен фокус на постари лица и лица со попреченост’’, во кој учествуваат и други земји освен нашата.

Главна цел на проектот е придонес кон поддршка на постарите и најранливите групи да се соочат со ефектите на Ковид-19 и последиците во Македонија, а активностите ќе бидат насочени кон подобрени и разновидни социјални и здравствени сервиси за стари и ранливи групи на локално и национално ниво.

Проектот е финансиран од австриското министерство за труд и социјални работи, во партнерство со австриски Црвен крст и Црвен крст на Македонија.

-Траењето на проектот ќе биде 18 месеци каде што координативниот центар на проектот и сите простории кои што се потребни и седиштето на проектот ќе биде во домот за стари лица. Ќе бидат обучени осум негуватели кои што ќе се стекнат со сертификати за нивната работа и очекуваме 32 корисници од територијата на општина Куманово да ги користат услугите на овој сервис кој што ќе биде потполно бесплатен. Овој сервис се надевам дека и во неговото времетраење ќе успееме да ја убедиме и јавноста и на некој начин да го доближиме до граѓаните и до сите релевантни институции за да може истиот како таков да продолжи да работи и после неговото завршување. Проектот е во висина од околу 80.000 евра, во рамките на тие средства ќе биде обезбедено и возило, изјави Дејан Стојановски, директор на Дом за стари лица „Зафир Сајто“

-Би апелирал да се јават во поголем број и луѓето што ќе бидат корисници, лицата над  65 годин и негуватели кои што ќе добијат меѓународни сертификати. Обуката ќе почне од први февруари , а ќе трае до мај месец, а обучувачи ќе бидат волонтери од Црвен крст Куманово, изјави Милован Видановиќ, претседател на ЗРЦЛИП

„Развиен сервис за домашна нега во Општина Куманово ќе овозможи имплементирање на вонинституционален облик на грижа, преку кој ќе се задоволат социјалните, културните, едукативните, креативните и социјалните потреби на старите лица и лица со попреченост, со што ќе се намалат проблемите во недостаток на адекватни содржини и активности за оваа друштвена група, велат од здружението  „Порака наша“.

-Во Македонија не постојат вонинституционални облици на поддршка на ранливите групи, постарите граѓани и лицата со попреченост. Генерално, проектната идеја е развивање на сервис за домашна нега во домашни услови што значи дека ќе бидат опфатени две таргет групи, лица со попреченост и повозрасни лица. Оваа категорија на граѓани секогаш е принудена во институции каде што мора да бидат институционализирани, поради што ние сакаме да покажеме дека постојат вакви модели на Запад кои што функционираат редовно, изјави Мартина Костовска, од ЗРЦЛИП  „Порака наша“

-Во рамки на проектот предвидена е обука за осум лица кои што ќе се стекнат со звање негуватели, истите лица ќе добијат сертификати. Оваа обука ќе ја спроведува општинскиот Црвен крст во Куманово заедно со Порака наша и зафир сајто. Она што сакаме да го постигнеме преку проектот е да ги поттикнеме младите, да го поттикнеме волонтерството затоа што знаеме дека младите се движечка сила во опшетството. На тој начин ќе овозможиме зголемување на квалитетот на животот, како на старите лица така и на лицата со попреченост, ќе го зголемиме квалитетот на услугите и бројот на активностите на ранливите групи, изјави Фросина Симоновска, дефектолог во ЗРЦЛИП „Порака наша“

Крајни корисници ќе бидат 35 лица кои припаѓаат во категоријата на лица со попреченост и постари лица во Куманово.

Коментари

коментар(и)