ВИДЕО: За истечена регистрација одземени 38 возила

38 возила од североисточниот регион се одземени, поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, или техничка неисправност, информира Секторот за внатрешни работи Куманово. Повеќето од автомобилите, односно 33 се од Куманово, 3 од Крива Паланка и 2 од Кратово. Одземените возила од Куманово се складираат во полицискиот објект во Матејче, а останатите во Кратово и Крива Паланка. Оваа законска измена, за одземање на нерегистрираните возила, стапи на сила кон крајот на декември лани. Со отстранувањето на нерегистрираните возила, целта е да се спречат несакани последици во сообраќајот.

-Сопствениците навремено ги надмируваат давачките и си ги подигаат возилата навреме. До сега нема регистирано случај каде сопственикот не сака да го отстапи возилото. Исто така нема случај на возила кои не се подигнати од страна на сопственикот, а веќе да е исречен рокот на одземање- истакна Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Согласно измените, полициски службеник, може да исклучи возила од сообраќај и привремено да го одземе, но се до утврдувањето на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.Доколку се утврди техничка неисправност на возилото која предизвикува голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месецил, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Несовесните возачи за овој прекршок ќе се соочат со казна од 500 евра во денарска противвредност.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)