ВИДЕО: Зголемен интересот за вакцинација, по најавените мерки

Зголемен е интересот за вакцинација по најавените рестриктивни мерки, информираат од кумановскиот здравствен дом. На пунктот изминативе денови се вакцинираат до 1.000 граѓани од североистокот. Најмладиот пациент кој се имунизирал има 12 години. Од почетокот на вакцинацијата со прва доза се имунизирани над 33.000 граѓани, а со две дози 29.000 лица од североисточниот регион. Повеќето од граѓаните се упатуваат без термин.

-Во моментов располагаме  со Фајзер, Синовак и Астра Зенека, но даваме Фајзер за лицата под 65 години, а за над 65 години е Астра Занека. А Синовак е како ревакцинација. Од почетокот на масовната имунизација најмладиот пациент има 12 години, а најстариот беше вакциниран со Синофарм 106 години-посочи Монализа Мемети, докторка при Здравствен дом Куманово.

Граѓаните кои денеска се имунизираа посочија дека се задоволни од процесот на вакцинација. Велат нема никакви проблеми и поголемо задржување, а се внимава и на мерките за заштита. Со теренската вакцинација која се спроведе во 38 села во кумановско и липковско, се аплицирани над 2.000 вакцини за прва и втора доза. Здравствените работници изминативе месеци спроведуваат и вакцинирање во домашни услови за стари и немоќни лица.

 

Коментари

коментар(и)