Љубителите на уметноста утревечер со почеток во 19 часот, во Центарот за култура ќе можат да ја проследа изложбата „Стеги“ на познатиот актер, Илија Струмениковски.
Покрај актерството тој над 50-ина години се занимава и со сликарство, остварувајќи 20-ина самостојни изложби, како и учество на повеќе групни. Во Куманово последен пат се претставил пред 9 години.