(ВИДЕО) Има интерес за третата доза на вакцина против Ковид-19

Кај повозрасните граѓани со коморбидитети има интерес за примање на третата доза вакцина против Ковид-19, но се повеќе се имунизираат и помладите, информираат надлежните од Здравствен дом Куманово.

Здравствените власти со апел дека освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина треба да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид-19.

Граѓаните на Куманово можат да го посетат пунктот за вакцинација од 07 до 19 часот.

-Почнувајќи од оваа недела пунктот работи во две смени почнувајќи од 07 часот наутро до 19 часот навечер. Голем дел од реализираните вакцинации во тек на денот опаѓаат токму на третата доза и воглавно сите се граѓани од повозрасната популација  со комбидитети, но секако има и од помладата популација кои ја примаат третата доза поради рестрикции во различни земји кои бараат примање и на третата доза. Досега немаме забележано појава на некои несакана реакција од третата доза на вакцината, воглавно остануваат истите несакани реакции како при примање на првата и втората доза, а тиа опфаќаат болка на местото на убодот, локална реакција, главоболка, лесна омалаксаност, лесни симптоми кои траат два до три дена, д-р Монализа Мемети, Здравствен дом Куманово

Пунктот во нашиот град располага со доволен број на вакцини, велат надлежните, посочувајќи дека Здравствен дом Куманово е регионален центар за набавка на вакцини на околните општини.

-Да напоменам дека вршиме вакцинација и во домашни услови за неподвижни лица, со тимовите со кои располагаме. На страна на министерството за здравство е објавен бројот на кој може да не контакрираат и да се пријават за вакцинација во домашни услови.

„Досега вакцинацијата е единствен и најдобар најдобар начин за превенција на тешките форми на болеста“, вели Мемети, со апел до граѓаните да се охрабрат и да ги примат сите три дози на вакцина против Ковид-19 и на тој начин да се заштитат од коронавирусот.

Коментари

коментар(и)