По вчерашниот инцидент кога агресивно куче нападна осум лица во централното градско подрачје, Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово ќе покрене иницијатива за пронаоѓање на сопственикот до СВР Куманово и покренување постапка пред ОЈО, рече на денешната седница на Советот, раководителот Бобан Бојковски.
Како што информираше раководителот, иницијативата ќе биде поднесена врз основа на официјалното стручно известување од ветеринарно- сточарскиот центар „Тодор Велков“, кој е задолжен за третирање на бездомни кучиња во Куманово.
Според извештајот, заловеното куче „ азијат“ тешко околу 70 килограми е сместено и ставено под опсервација. Кај кучето е констатирано дека не е микрочипирано и нема познат сопственик, рече Бојковски.
Инаку, инциденти од ваков или сличен карактер, граѓаните може да пријават во Центарот за управување со кризи на бројот 112 и во Секторот за инспекциски надзор на 031 /414- 375.
Видеото по вестите во 18 часот.