ВИДЕО: Книжевна вечер со Мома Стефановиќ

Во Занаетчискиот дом синоќа се одржа книжевна вечер со српскиот писател, публицист и книжевник Мома Стефановиќ, автор на делото „За жената што ја сакаш”. Тој е писател кој разработува теми за машко-женските односи, објавува размислувања, истражувања и афоризми, подеднакво интригирајќи ги и жените и мажите, рече промотерката Христина Алексовска.

Неговите дела се проследени со пофални зборови, а овојпат  намерата беше да укаже на примарната потреба на мажот да ја освои и заштити жената која е столб на секое семејство, преку комуникација со публиката.

Настанот е поддржан од општина Куманово преку Програмата за културни настани за 2023 година, а организиран од страна на Хуманитарното здружение “Мајка”-Куманово и Фондацијата за култура и спорт.

Коментари

коментар(и)