За четири години со поддршка на Владата предводена од СДСМ во општина Куманово инвестирани се над 120 милиони евра. СДСМ инвестира во Куманово, кое цели 11 години беше заборавено од ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес конференција актулениот претседател на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски. Нагласи се дека обновени 85 километри локални и регионални патишта.
-Куманово-Свети Николе, Куманово-Никуштак, Куманово-Опае-Слупчане-Белановце, целосно се реконструирани. Пелинце, Куманово- Крива Паланка, регионалниот пат од село Војник до Страцин и Страцин-Крива Паланка, граничен премин Деве Баир, како главни патни инфраструктурни артерии кои не беа чепнати повеќе од 50 години. После долги години се работи и на пругата Бељаковце-Крива Паланка-истакна Костовски.
Костовски нагласи дека особено важни за кумановци се и трите проекти кои се реализираат со поддршка на централната власт односно СДСМ, Соколана, спортската сала и Спомен костурница.
-Со поддршка на Владата на СДСМ направени се три училишни спортски сали, едната за економското училиште, втората е во училиштето во Черкезе и третата сала е во техничкото училиште. Проект поддржан од централната власт е канализација во село Тромеѓа, рекреативен центар Студена вода, канализација во село Речица, реконструкција на Театарот. Од овде заклучокот е јасен, СДСМ е на страната на кумановци и СДСМ инвестира во Куманово, никој друг-нагласи тој.
Во оваа насока посочи Костовски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски би требало да се откаже од коалиција со двоецот Мицкоски-Груевски.