(ВИДЕО) Крводарителска акција во СВР Куманово

Вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово денеска доброволно даруваа крв. Денешната е прва крводарителска акција од предвидените три во текот на 2022- та година. Надлежните се задоволни од интересот на вработените за крводарување.

„До завршувањето на акцијата, односно до 15 часот се очекува да бидат собрани до 50 единици крв“, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при СВР Куманово.

 

Коментари

коментар(и)