Куманово го има златниот параолимпиец Бранимир Јовановски. За успешната спортска кариера и освоени над 50 медали на меѓународни натпревари, афирмација на државата, овој кумановец неодамна беше одликуван со орден којшто го доделува претседателот, Стево Пендаровски.
Јовановски кариерата ја продолжи како уште поуспешен селектор на репрезентацијата за лицата со попреченост. Своето знаење сака да го пренесува и на младите дечиња во Куманово, но услови за тренинг засега нема.