ВИДЕО: „Куманово Паркинг“ со позитивен извештај

Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“ има подобрување на финансиското работење. Ова беше истакнато на последната седница на Советот на општина Куманово, каде беше разгледан извештајот за работа за 2022 година и за последното тромесечје. Истото остварило зголемување од над 4 милиони денари, како резултат на остварени поголеми приходи од расходи. Разликата како што посочија советниците во споредба со претходната година кога биле 24 милиони денари, сега приходите изнесуваат 31 милион денари.

 

Коментари

коментар(и)