(ВИДЕО) Кумановци задоволни, споени двете улици над градската џамија

Во завршна фаза е реконструкцијата на двата краци. Веќе се споени улиците „11-ти октомври“ и „11-ти ноември“, над градската џамија. Поврзувањето на овие  улици во центарот на градот, е со цел да се намали сообраќајниот метеж. Останува уште да се доуреди паркинг просторот, мини паркот и тротоарите. Новата улицата е во должина од 310 метри, а нејзината реконструкција општината ја чини над 4 милиони денари.

Кумановци коишто живеат во овој дел од градот, за телевизија Плус раскажаа дека се задоволни што конечно е отворена улицата, која што ги спојува општините Куманово и Липково. Дел од дуќанџиите се надеваат и дека на овој начин ќе се зголеми нивната работа.

Оваа улица 100 години што е затворена конечно градоначалникот ја отвори, сега е многу добро-истакна еден кумановец.

-Ние сме благодарни многу за оваа улица. Многу е добро беше „слепа“ улица сега е добро-дополни друг.

-Добро е ова, како што беше, сега е супер. Отворен е патот можеби ќе има и повеќе промет-нагласи трет.

Од општината посочуваат дека со пробивање на оваа улица е решен повеќедецениски проблем за граѓаните кои гравитираат меѓу двете општини. Нагласуваат дека инвестициите продолжуваат, со цел намалување на сообраќајниот метеж.

-Се уште не се завршени тротоарите, при крај е изведбата, ќе биде завршен и паркот, се планира уште еден дел од паркингот да се постават клупи, да можат граѓаните и да седнат. Очекуваме во септември, октомври кога ќе се дозволи и садење на дрвја, заедно со екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ да извршиме пошумување и поставување на дрвореди токму во овој дел, бидејќи сега кога граѓаните имаат проодна улица, тротоари тоа е главното нивно барање-истакна Даниел Стојчевски, од Општина Куманово.

Пред започнување на градежните работи, беа отстранети времените објекти-бараки кои низа години се наоѓаа на овој дел. Најголем дел од објектите беа во сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

 

Коментари

коментар(и)